Пуштете го газда Деко на слобода, ние ќе му пресудиме – реагираа родителите на загинатите деца во Пулс на барањето за пуштање од притвор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денешниот судски процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во КОчани, почна тензинчно. Денеска судницата во „Идризово“ беше полна, а имаше и родители на загинатите деца.

Реагираа по барањето на адвокатката Ивана Коцевска да биде во домашен газдата на дискотеката Дејан Јованов поради нарушено здравје.

„Со оглед дека обвинетиот Јованов е со сериозно нарушено здравје, а одлука за да се пушти од притвор не е донесена, бараме при носење на одлуката да се покаже малку човечност и непристрасност и да не се носат одлуки под притисок на јавноста. Обвинителството треба да се произнесе усно, а не повеќе да се чека“, рече адвокатката.

На ова родителите реагираа со погрдни зборови. Потоа следеа жестоки реакции од родителите.

„ОДмор во Хрватска да не сака Деко. Пуштете го. Пуштете го, ние ќе му пресудиме. Срам да ви е. Тој е глумец. Да изгубите дете, па да видите како е“, беа реакциите на родителите.

Во одбрана на колешката Коцевска застана адвокатката Софија Лаличиќ која побара јавноста да биде исклучена бидејќи адвокатите се во судница да работат, а не да бидат навредувани.

Барање за поблаги мерки за обвинетите беа побарани и за неколку други обвинети.

Обвинителството за укинување на мерката притвор во куќен притвор даде негативно мислење бидејќи немало мислење дека терапијата која ја зема обвинетиот не може да се пружи во затворски услови.