Од утре променливо облачно посвежо и нестабилно време – на пониските места дожд, на планините снег

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска и утре времето ќе биде топло, наместа со појава на пороен дожд и услови за ретки грмежи. Во четврток под влијание на влажна и постудена воздушна маса ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (од 15 до 20 литри на метар квадратен).

Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег.

Од петок до крајот на неделава ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 км/час. Температурата ќе биде во опаѓање, а утринската наместа ќе се спушти и под нула.