Лукашенко: САД може да предизвика конфликт помеѓу Русија и Кина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека не ја исклучува можноста САД да се обидат да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина за време на преговорите за Украина.

„Не знаеме што сакаат САД. Ова го велам затоа што сум апсолутно навлезен во овие прашања. Не знаеме што ќе бараат од Русите за крај на војната и слично. Ми се чини дека сега ќе се обидат да ги свртат Русите против Кинезите“, рече Лукашенко.

Лукашенко порача дека Русите не смеат да го дозволат тоа.

Белорускиот претседател оцени дека на Белорусите ќе им биде тешко да се натпреваруваат економски со американските и европските компании доколку се постигне договор за нивно враќање на рускиот пазар, и посочи дека сите имаат потреба од прехранбени производи.