Сотир Лукровски се врати на работа после неколкумесечно боледување. Тој од денеска се врати во кабинетот на Општина Карпош. Се заблогодари на сите за поддршката.
„Животот е борба исполнета со предизвици, но не затоа што е против нас, туку затоа што секој предизвик нè принудува да растеме, да учиме и да станеме посилни.
Изминатиот период за мене беше едно големо искушение. Се соочив со здравствен предизвик кој ме натера да сфатам дека вистинската сила не е никогаш да не паднеш, туку секогаш да најдеш сила повторно да станеш.
Денес, со голема благодарност и искрена радост, повторно се враќам на своето работно место. Ова враќање за мене не претставува само продолжување на професионалните обврски, туку и лична победа над здравствените предизвици со кои се соочив во изминатиот период. Во ова искуство научив дека со трпение, истрајност, верба и поддршка, дури и најтешките битки можат да се добијат.
Сакам да му се заблагодарам на заменик-градоначалникот за поддршката што ми ја даде во текот на целиот период но пред се за неговата професионалност и посветеност кон работата .
Од срце му благодарам на премиерот Христијан Мицкоски за човечноста, поддршката и помошта во мојата борба.
Благодарност упатувам, до мојот тим, како и до сите вработени и советниците од Општина Карпош. Вашите зборови на охрабрување, и поддршката што ми ја пруживте ми дадоа дополнителна сила и мотив да продолжам напред.
Огромно благодарам до семејството, пријателите, сограѓаните, лекарите и сопартијците кои ми испратија порака, ми посакаа побрзо закрепнување или едноставно беа покрај мене кога ми беше најпотребно. Таквата поддршка нема цена и никогаш нема да ја заборавам“, изјави Лукровски.
