Љутков нарачал ревизија за реконструкцијата на Универзална сала: Додека не заврши, не потпишувам ништо

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за култура Зоран Љутков, нарачал ревизија на постапката за реконструкција на Универзалната сала, пренесува порталот САКАМДАКАЖАМ.

Тој рече дека министерството нема да одобри никакви активности, се додека не заврши ревизијата на салата, која дополнително беше зафатена и од пожар.

„„Целата постапка во однос на преземањето на Универзална сала на Министерството за култура од Град Скопје е доста проблематична и јас не би сакал да го ставам мојот потпис на ниту една потамошна акција која ќе се случува со салата. Испративме допис до Државниот завод за ревизија, да ја испита целата целата постапка од самиот почеток па досега и ќе донесеме заклучоци после таа ревизија“, рече Љутков.

Универзална сала се запали на 9 април, само еден месец откако по пауза од две години продолжија градежните работи за реконструкција. Веднаш по пожарот, од градежната фирма „Универзал-Балкан“ рекоа дека најверојатно се запалил стар кабел или некоја стара инсталација.