Магла наутро, во текот на денот сончево, на некои места облачно со слаб дожд

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во утринските часови наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од  8 до  13 степени.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно и претежно тивко.

Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до  8 степени.