Мицкоски: Ги добив предлозите на ВЛЕН и ЗНАМ за новите министри

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека веќе ги добил предлозите од коалицијата ВЛЕН и партијата ЗНАМ за нови министри во рамките на реструктуирањето на владата. Тој рече дека е задоволен од предложените имиња и очекува новиот владин состав да работи уште поуспешно.

„Да, имам предлози за нови министри од ВЛЕН и ЗНАМ, но ќе им оставам на нив да ги објават јавно. За мене, овие предлози се сосема во ред и очекувам дека во новиот состав ќе имаме уште подобри резултати“, рече Мицкоски.