Дали ова ќе биде ова „жешка“ пролет за актуелните владини министри за да ги зачуваат нивните фотелји? ТВ21 од партиски извори дознава дека во мај ќе има рокади во извршната власт, а од нив нема да биде поштедена ниту Беса на Биљал Касами, која, како што наведуваат изворите, може да остане без Министерството за земјоделство и да ѝ биде понудено помало министерство или некоја дирекција.
Актуелниот министер, Арјанит Хоџа, истовремено и генерален секретар на Беса, вели дека нивните кадри работеле добро во институциите со кои раководеле. Поради тоа, како што вели, воошто не стравува од никаква промена.
„Реализиравме повеќе од проекциите што ги имаме, затоа сме опуштени и не се чувствуваме загрозени од било каква можна промена, бидејќи за позициите на Движењето Беса одлучуваат партиските органи, како партија која е дел од мнозинството“, истакна Арјанит Хоџа.
Вицепремиерот Љупчо Николовски не гледа причина за промени во Влада.
ТВ21 од партиски извори дознава дека коалиционите партнери СДСМ и ДУИ кон крајот на мај планираат да ја реконструираат Владата. Неофицијално ТВ21 дознава дека двајца актуелни министри ќе бидат предложени за амбасадори. Можно е да има и рокади на ресори меѓу СДСМ и ДУИ. Има шанси еден градоначалник од редовите на ДУИ да биде предложен за министер во извршната власт, како и да се разгледа опцијата за замена на Министерството за финансии со некое друго министерство.
По внатрепартиските проблеми, се очекува во СДСМ реконструкцијата да го донесе новото раководство кое се очекува да биде назначено на Конгресот на 16-ти мај. Изворите велат дека СДСМ нема да се откаже од своите напори за ја убеди Алтернатива на Африм Гаши да стане дел од Владата, нудејќи ѝ раководни позиции во институции, со цел формирање стабилно мнозинство.
