Маја ДИ ја промовира новата поетска збирка „Меѓу две неба“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утре, 19 јуни во Матица Ексклузив во Скопје со почеток во 18 часот, ќе се одржи промоција на втората поетска збирка на Маја ДИ која го носи насловот „Меѓу две неба“. Ова е второ дело на авторката, кое носи искрени и емотивни песни за Македонија, иселеништвото, љубовта, мајчинството и животот помеѓу два света.

Маја ДИ живее и создава помеѓу две татковини – Македонија и Канада. Нејзината поезија произлегува од личното искуство на заминување, припадност, мајчинство, љубов и потрагата по внатрешен мир. Со искрен и препознатлив поетски глас, таа пишува за темите што ги допираат сите – домот, корените, загубите, надежта и човечката издржливост.

„Меѓу две неба“ претставува интимно патување низ спомените. Со искрени, зрели и длабоко човечки стихови, авторката го претвора личното искуство во универзална приказна за припадноста, надежта и достоинството. Ова е книга за сите што некогаш заминале, копнееле, простиле и научиле дека домот понекогаш не е место, туку чувство што го носиме во себе.