Мајк Пенс нема да присуствува на прошталната забава за Доналд Трамп

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мајк Пенс утре нема да присуствува на прошталниот настан или забавата на Доналд Трамп, штотуку потврди канцеларијата на потпретседателот, пренесува Си-Ен-Ен.

Неговиот распоред е објавен и вклучува само еден настан: инаугурацијата на Џо Бајден и Камала Харис.

Пенс и се заблагодари на Америка на Твитер за „привилегијата да биде потпретседател во последните четири години“.

Тој објави и фотографии направени за време на неговиот мандат, но интересно е што Трамп го нема на ниту една.