Мајката и сестрата на момчето што го изврши масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ се обиделе да ја напуштат Србија, но биле спречени на граничниот премин Прохор Пчињски кон Северна Македонија.
-Мајка и сестра на момчето К. К., се обиделе да ја напуштат државата преку граничниот премин Прохор Пчињски, кон Северна Македонија, но полицијата веднаш ги спречила и биле вратени во Србија, соопштија српските медиуми.
Таткото на момчето е во притвор, кој на почетокот на месецот беше продолжен за уште 30 дена, поради сомневање дека го тренирал К. К. да пука, и дека не го обезбедил оружјето како што налага законот.
Обвинителството проверува и дали М. К., мајка на момчето, се стекнува со елементи на кривичното дело запуштање и злоупотреба на малолетно лице.
Вишиот суд во Белград донесе решение со кое и определи привремена забрана на М.К., мајката на момчето К.К. кој на 3 мај го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, да отуѓи недвижен имот во нејзина сопственост.
