Мајката на напаѓачот во изјава за хрватските медиуми истакнала дека ноќе не спиеле од страв, а се обиделе да му помогнат.
Млад човек (19 години) утрово упадна во училиште и ги нападна децата и наставничката.
Во нападот, едно дете почина.
„Го молев докторот да не го пушта надвор бидејќи не е способен за излегување. Тој е емотивно нестабилна личност, покрај тоа има и две дополнителни дијагнози и се пресече“, изјави за 24сата мајката на осомничениот за трагичниот напад во училиштето во Пречко.
Според неа, татко му утрово го однел во дневната болница.
„Беше на психијатрија неколку пати. Пред месец и половина ме задржа мене и мајка ми во станот, ни ги зеде мобилните телефони и клучевите и пак заврши во „Јанкомир“. Го молев докторот да не го пушта надвор бидејќи не е способен да излезе. Докторот ладнокрвно го пушти да излезе за ние да се грижиме. Ноќе спиевме во страв, направивме се што можевме за да го спасиме тоа дете. Тој очигледно ја напуштил дневната болница и зел нож и го направил тоа што го направил“, вели мајката.
Според информациите, убиецот живее во близина на училиштето каде го извршил нападот, а дипломирал пред пет години.
