Мајката на Верица Белчовска вработена во канцеларијата на премиерот Заев во Струмица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска во Струмица премиерот Зоран Заев ја отвори канцеларијата за непосреден контакт со граѓаните. Во канцеларијата вработена е Душка Белчовска, мајка на Верица Белчовска, девојката која со донирањето на органите спаси повеќе човечки животи.

Од Кабинетот на премиерот информираат дека канцеларијата е отворена за едноставен и лесно достапен начин граѓаните да закажат средба со премиерот Заев, и за викендите тие средби да се реализираат.

„Премиерот Заев уште еднаш ја повтори огромната благодарност и восхит за одлуката органите на нејзината ќерка да бидат донирани и со тоа да спасат животи“, соопштија од Кабинетот на Заев.