Македонија дел од ЕУ до 2030 година? Тилев и Кацарска: Ако го откочиме процесот, би требало да се случи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дали Македонија може да биде дел од ЕУ до 2030 година? Ова ги прашавме нашите вечерашни гости во „Клик Плус“ Симонида Кацарска и Драган Тилев.

„Тоа е политички став на 19 јули при отворање на меѓувладината конференција во отворачката изјава беше декларирана дека до 2030 година ќе бидеме подготвени, доколку и ЕУ биде подготвена да прими нови членки. На ЕУ послената реченица беше „ќе се радуваме да ве видиме како полноправна членка на ЕУ“. Тоа значи дека од двете страни постои отворена желба, можност за прием на нови членки, односно наш интерес, политички, економски да станеме членки до 2030 година. Кога сега гледаме дека Црна Гора декларира 2026 година, Албанија 2027, Молдавија 2028, Украина 2029/30, ние дури треба да бидеме, ако го откочиме процесот, треба да бидеме поамбициозни“, изјави Тилев.

„Сметам дека ако успееме да го откочиме процесот, ќе оди сето тоа многу брзо, и во тој случај реална е можноста за членство до 2030“, изјави Кацарска.