Празникот Илинден денеска се одбележува низ државата со свечености по повод 123 години од Илинденското востание и Крушевската Република и 82 години од Првото заседание на АСНОМ – двата клучни темели на македонската државност.
Централната прослава ќе се одржи во Крушево, каде се предвидени чествувања на „Мечкин Камен“ и обраќање на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски. Свечености ќе има и во Пелинце, каде ќе говори премиерот Христијан Мицкоски, како и во Скопје, каде ќе се обрати претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Со бројни комеморативни, културни и државни настани, Македонија им оддава почит на илинденците и на основачите на современата македонска држава, одбележувајќи ги двата историски Илиндена.
