Македонија доби тешка група за пласман на ЕВРО 2024: Против Италија и против Англија ќе се бара ново учество на ЕП

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонската фудбалска репрезентација ги доби силните Италија и Англија  за ривали на патот кон пласман на Европското првенство 2024 кое ќе се одржи во Германија. Останатите екипи се Украина и Малта.

Натпреварите почнуваат во март, а завршуваат во ноември идната година, додека ќе има и плеј-оф натпревари од Лигата на Нации кои ќе се играат во март 2024 година, со кои ќе бидат комплетирани учесниците на ЕП.

Само првите две селекции од секоја група одат директно на Европското првенство, додека другите позиции ќе бидат комплетирани преку Лигата на Нации.

Германија директно е пласирана на ЕП, додека Русија е исклучена од квалификациите.