Македонија, држава која тешко дава државјанство – Даути: Велат „општество за сите“, а не се подготвени да дадат државјанство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Негираното државјанство на оние кои со години живеат во Северна Македонија и обидите на коалицијата АА-ААА за уредување на ова прашање преку предлог закон, беше тема во синоќешното издание на Клик Плус.

Пратеничката на коалицијата, Илире Даути, рече дека нивниот предлог е државјанство да може да се добие по 4 години престој во државата, а критиките на владата за законот ги нарече паѓање на маските.

„Овој закон, дозволете ми јавно да кажам, изгледа им ги тргна маските на многу луѓе чие мото е “општество за сите“но изгледа дека не се подготвени да дадат државјанство, барем на оние кои ги исполнуваат условите“, истакна Илире Даути.

Даути потоа рече дека и тогаш кога граѓаните ги имаат сите потребни документи за добивање државјанство, се одбиени со оправдување “ризик за државата“. Освен тешкотијата за добивање државјанство, не е лесно ниту добивањето дозвола за престој. Правничката Мете Кикио, веќе 3 години живее во Северна Македонија и постојано го обновува престојот, но вели дека забележала дека постојано излегуваат некои нови барање за повеќе документи.

„И што е најлошо на листите кои ги објавуваат на нивните врати, не се конечни. По целата помината голгота и минувањето граници во време на пандемија, нерационални наплати за Албанците  во однос на Србите и Црногорците, исто така и преводите кои се прикачени само за Албанците“, посочи Јонида Мете Кики.

Сите овие проблеми, според аналитичарот Љатиф Мустафа, произлегуваат од негрижата на државата за оваа категорија граѓани.

„Овие граѓани се жртва на државната негрижа за да ги интегрира, згрижи и за да ги застапува како граѓани на оваа земја“, посочи Љатиф Мустафа.

Во текот на дебатата се зборуваше и за платформата на АА “државјанство.мк“ на која граѓаните можат да го пријават својот проблем за добивање државјанство. Пратеничката Даути кажа еден случај на граѓанка која напишала дека завршила работа откако платила 5 илјади евра. Даути побара од албанските партии на власт да извршат притисок за да се истурка предлог законот за државјанство предложен од албанската опозиција.