Македонија, држава која живее од донации?! – Ни подаруваат вакцини, војнички униформи и полициски возила

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Не поминува ниту една недела Македонија да не прими некаква донација. Војската, полицијата, здравството и други области се чини преживуваат од донации.

Пандемијата ја затекна државава неподготвена, така што во 2020 во државава пристигнаа многу авиони со донации, како заштитна опрема, брзи тестови и респиратори. И таман се навикнавме на тоа, почнаа да се произведуваат вакцини, но и за тоа Македонија требаше да пружи рака бидејќи сама не успеа да набави, иако пари имаше. Најголемата количина пристигна од Србија.

Освен здравството, донации често примаше и Армијата. Последната донација е 7.400 униформи кои Турција и ги подари на војската и тоа токму во месецот на Рамазан.

„Реализацијата на оваа церемонија во месецот на Рамазан  спаѓа во карактеристики на споделување и солидарност и уште повеќе го зајакнува значењето на соработката меѓу нашите воени сили“, истакна Хасан Мехмет Секозкок.

Освен најосновни работи, како што се маски и други опрема, пред некое време Армијата како донација доби и 1200 автоматски пушки М-4, подарок од САД.

Без донации не остана ни МВР. Пред неколку месеци Германија донираше возила и друга опрема во тотална вредност од 660 илјади евра.

“Донација од 22 теренски возила, термални камери, апарати за проверка на документи, уреди за присилно запирање на возила и друга опрема”, посочи Анке Холштајн. 

Изминатава година од САД, МВР доби донација во опрема во вредност од околу 460 илјади долари. Полицијата исто така доби многу донации во разни области.

Пред еден месец, Северна Македонија не се најде меѓу 17-те земји членки и 3 земји кандидати кои добија вкупно 500 милиони евра за борба против корона вирусот од ЕУ. Во објаснувањето од Влада велат дека поради брза и ефикасна организација на државните институции беше обезбедена голема количина донации во борбата против ковид 19, затоа не се правеа големи државни трошоци. Инаку не беше постигнат прагот што го проектираше ЕУ од 30,8 милиони евра.