„Македонија е горда“ – Мицкоски ги прими младите кошаркари кои донесоа златен медал!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги прими младите херои кои донесоа златен медал за Македонија.

„Денес ја имав честа да ги примам нашите млади херои кои донесоа злато. 8:0 на Европскиот шампионат во кошарка за возраст до 18 години, Б дивизија и златен медал. Македонија е горда на нивниот успех. Дело кое треба да се следи“, напиша Мицкоски.