Македонија е најпребарувана локација на „Гугл“ поврзана со Оскарите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Благодарение на документарецот „Медена земја“, Македонија стана најпребарувана локација на „Гугл“ поврзана со Оскарите.

„Северна Македонија, домот на номинариот филм за Оскар „Медена Земја“, е најпребаруваната локација на земјата, според пребарувањата за наградите“, напиша на Твитер „Гугл трендс“.

„Медена земја“ е номиниран за Оскар во две категории, за најдобар документарец и најдобар странски филм.

Оскарите ќе се одржат во недела по локално време, односно во понеделник во 2 часот наутро по македонско време.