реклама

Македонија, фабрика за работна сила – потребни се радикални реформи за да се спречи заминувањето на младите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Доколку Македонија не стане членка на ЕУ, повеќето млади ќе си заминат надвор. Ова беше кажано денеска на дебатата организирана од Форумот за измени во образованието, на тема “Заминувањето на младите со високо образование“. Дали РСМ произведува работна сила за земјите членки на ЕУ“. Присутните го истакнаа овој проблем во земјава и како да се спречи овој феномен. Организаторите стравуваат дали Македонија станува фабрика за производство на работна сила за земјите на ЕУ.

„Проблемот е во тоа што образовниот систем помага во тој процес бидејќи се претвори во фабрика за производство на работна сила за земјите на ЕУ. Значи како новинари и ние како НВО правиме анализи и ги прашуваме средношколците по медицина кога ќе ги завршат студиите како медицински сестри каде сакаат да работат, велат или во Германија или во друга земја на ЕУ. Значи, образовниот систем на нашата земја бесплатно произведува кадар и бесплатно тој кадар им го дава на земјите на ЕУ“, вели Бленди Ходаи.

Од друга страна, заминувањето на младите од Северна Македонија се покрива со увоз на работници од надвор. Како што соопшти вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, до сега над 3000 лица, главно од Пакистан и Авганистан дошле во Македонија за да ги пополнат празните места. Според Битиќи, ваквото решение не е здраво, но според него, најдобро би било да се направи реквалификација на работниците од земјава за да се прилагодат на модерните потреби на пазарот на трудот.

„Мислам дека фокусот треба да биде сите да сфатат дека треба да се смени бидејќи новите работни места бараат нови способности. Последна опција е да носиме работници. Всушност тоа е привремено бидејќи не е оддржливо решение ниту за компаниите ниту за државата“, порача Фатмир Битиќи.

реклама

Инаку во земјава над 8 илјади кадар со високо образование чека за вработување. Според едно истражување на Finance Think, најдобра можност за вработување и повисоки приходи се причина зошто младите со високо образование си заминуваат во земјите на ЕУ.

Зекирија Хаџиу

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама