Фудбалскиот клуб Македонија ЃП се врати во Првата лига, додека Арсими од Чегране избори прв историски пласман во прволигашката конкуренција. Ова стана познато по денешните натпревари од последното коло во Втората македонска фудбалска лига.
Екипата на Башкими, пак, ќе мора преку баражот да брка пласман во Првата лига, откако ФФМ донесе одлука да не им ги додели трите бодови за спорната победа против Кожуф.
Македонија ЃП и со нерешено денеска против Беласица 0-0, се пласираше на првото место на табелата. Арсими, пак, го сволада тимот на Вардар Неготино, и така тие два тима обезбедија место меѓу прволигашите. Башкими со победата над Брегалница во Штип од 0-1, обезбеди бараж, и во него ќе игра против Беса која заврши како 10-то пласирана во ПМФЛ, по испаѓањето на Воска Спорт и на Гостивар. Практино овие два тима се префрлени во најнизок ранг, поради откажувањето од Првата лига во финишот на првенството.
