„Македонија и Бугарија ја блокираат Албанија“ – Рама: Ние нема да заземеме страна, но потребно е итно решение

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Албанија нема да зазема страна меѓу Бугарија и Северна Македонија за отворените билатерални прашања меѓу нив.

Премиерот на Албанија Еди Рама при официјална посета на Бугарија упати апел до двете земји да најдат решение бидејќи јазолот создаден меѓу РСМ и Бугарија создава пречка и за Албанија за членство во ЕУ.

Рама смета дека прашањето е чувствително и истото можат да го решат само двете страни, а истакна дека Албанија и Северна Македонија ги исполниле условите за одржување на Првата меѓувладина конференција.

„Нашата позиција како Албанија,    е дека никој не треба да биде љубоморен. Ние заглавивме меѓу двата пријатела за нешто што нема врска со нас. Но тоа е што е, процесот е таков што треба да се почитува и ние тука не можеме да заземаме страна. Ниту со едните ниту со другите. Ние само се надеваме и ги поддржуваме двете страни да разговараат и да го решат проблемот меѓу себе“, посочи Еди Рама.