Во Македонија има истражени потенцијални рудници со јаглен на неколку наоѓалишта за наредните 50 години, а се уште не е почната експлоатација од овие места. Сегашните Рек Битола и Осломеј би можеле да се користат само уште 15 години, затоа треба час поскоро да се почне со експлоатација на новите- објаснува геологот Сашо Георгиевски.
Локалитети во Македонија каде има јаглен
- Брод Гнеотино, (РЕК БИтола) -132 миолиони тони и транспортна лента од 10км.
- Живојно- 100 милиони тони
- Лавци, Ресен -27 милиони тони
- Звегор Стеамер, Делчевско – 30 милиони тони
- Панчерево – 22 милиони тони
- Поповјани, Кичево – 9 милиони тони
„Имаме перспектива за пола век. Вкупни резерви имаме 664 милиони тони, од кои 38% се со површинска експлоатација, останатото е со подземна, но ние имаме искуство само со површинска. Но, предизвиците се тука, знаење има, луѓе има, ресурси има, опрема има, само проектите не треба да стојат на хартија во нашите канцеларии, туку да се спроведат на терен“, посочи Сашо Георгиевски.
Јагленот со кој располага земјава е лигнит кој спаѓа во понеквалитетните, но ако се земе предвид нашата иднина и резервите тој има перформаси да биде употреблив. Ние како и цела Европа, 50% се базираме на јагленот во енергетиката и покрај примената на новите ресурси, сончева енергија, ветерници.
