„Македонија има шанси да добие датум за преговори во јануари или февруари, aко го потпише анексот од 12 точки“, вели Каракачанов

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Филипче прв ќе се вакцинира, земјата уште ги чека вакцините од Србија

Ниту денеска не пристигнаа вакцините од Србија. Се уште не е подготвена потребната документација за транспорт на вакцините изјави...

ЕУ и НАТО со честитки за претседателот Бајден

Лидерите на ЕУ и НАТО го поздравија денеска официјалното стапување на должност на новиот претседател на САД Џо Бајден...

Каков студент бил актуелниот министер за финансии, открива неговиот професор и екс-министер Славески

„Бесими беше одличен студент“, вели екс министерот за финансии Трајко Славески во „21МИНУТА“ на ТВ21 за сегашниот министер Фатмир...

„Со туѓи пари може да усреќите многу луѓе“, вели поранешниот министер за финансии Славески во #21МИНУТА

Трајко Славески, екс министерот за финансии беше гостин во „21МИНУТА“ на ТВ21. Со него дебатиравме на различни теми, а...

Али Ахмети упати честитка до Џо Бајден, новиот претседател на САД

Претседателот на ДУИ Али Ахмети, по повод денешната инаугурација на 46-от претседател на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, во...

Република Северна Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпише анексот од 12 точки што го доставивме, рече вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов во интервју за бугарската ТВ Нова.

Според него, Република Северна Македонија имала шанса да одреди датум за преговори уште во ноември минатата година, но не сакала да го искористи тоа.

– Бугарија не стави вето, таа едноставно рече дека не се подготвени за датум за преговори, рече Каракачанов.

Според него, Бугарија е „за“ проширување на ЕУ на Западен Балкан, но загрижува говорот на омразата против сè што е бугарско.

– Омразата се заснова на грубо и гнасно фалсификување на историјата, вели Каракачанов.

Тој, денеска, пак во гостување во неделната програма „Беновска пита“ на Радио К2, најави дека следната недела на средби во Софија оди специјалниот претставик на Владата за Бугарија, Владо Бучковски.

-Вистина е, разговаравме со господинот Бучковски, следната недела тој во улога на главен преговарач или медијатор, ќе биде во Бугарија. Сè уште не сме го закажале состанокот, но дали ќе биде вторник или среда, некаде таму, рече Каракачанов.