Македонскиот фудбалски национален тим, ги доби денеска противниците за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година.
Силната Германија е фаворит во групата „Ј“. Останатите противници на нашата репрезентација се Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн.
Со Германија за првпат ќе играме воопшто натпревар. Со останатите имаме играно во квалификациите. Со Ерменија игравме и во квалификациите, и во Лигата на Нации.
Ждрепката се одржа во Цирих, а подоцна ќе се определи и распоредот.
