Освен вакцина во Северна Македонија ќе има и лек против Ковид 19. МЗ извести дека ќе го набави лекот Молнупиравир против Ковид 19 и дека на проактивен начин стапиле во контакт со производителот на овој лек, компанијата МСД.
„Лекот Молнупиравир е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на Ковид 19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50%.Министерството за здравство укажува дека лекот и вакцината против Ковид 19 не може да се споредуваат. Вакцините против корона вирусот спречуваат тешка форма на болеста, компликации при хоспитализација или смртен исход“, велат од МЗ.
За жал значително е намлен интересот на граѓаните кои сакаат да се вакцинираат а најголем број од заразените се токму тие кои не се вакцинирани, изјави денеска министерот Филипче. Тој додаде дека на следниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе се дискутира за сертификат за вакцина со две дози за влез во угостителските објекти.
На дневна основа намален е бројот на граѓаните кои примаат прва доза вакцина, рече Филипче. Од МЗ додаваат дека Ковид 19 брзо прави мутации на вирусот, а најефикасни се вакцините и целта е постигнување колективен имунитет за да се заштитиме од новите соеви на СарсКов2.
