Македонската ракометна репрезентација се пласираше во главната фаза на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка, и ќе одигра уште најмалку три натпревари на овој Мундијал.
Македонија во следната група ќе пренесе еден бод, а прв противник на Македонија е Австрија, меч кој се игра во вторник. Во четврток Македонија ќе игра против Катар, а третиот натпревар е против Франција во сабота.
Франција ќе пренесе четири бодови, Австрија два, Катар ќе биде без бодови.
Сите мечеви се играат во Вараждин.
РАСПОРЕДОТ НА МАКЕДОНИЈА НА СП ВО РАКОМЕТ (ГЛАВНА ФАЗА)
21.01 Македонија – Австрија
23.01 Македонија – Катар
25.01 Македонија – Франција
