Македонија – Косово без навивачи?! Сејдини: Ја следиме состојбата со надлежните органи

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Косово нема да се одложи, но доколку надлежните органи одлучат дека има опасност од коронавирусот, тогаш мечот ќе се игра без навивачи. Вака изјави претседателот на Фудбалската федерација, Мухамед Сејдини во емисијата „10 Минути“.


-Тоа е светски тренд. Јас се сретнав со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. Тој ме увери дека е тешко да се најде друг слободен датум за натпреварот. Ние ќе ја следиме состојбата со надлежните органи и ако дојде до такво нешто, можно е да се игра без публика. Но, мечот како и да е ќе се одигра“, изјави Сејдини.

Сејдини е првиот Албанец кој раководи со ФФМ, а ДУИ честопати знае да се пофали дека тој е нивно постигнување.

-Ако ДУИ се фали во овој аспект, не би сакал да навлегувам во политиката, бидејќи многу малку ја познавам. Кажавте многу добро, јас на чело дојдов во време кога ДУИ беше во Влада. И сега нормално дека политичарите ја вршат нивната работа-рече Сејдини.

Инаку, билетите за домашните навивачи не се ограничени, додека од Косово 3.700 луѓе ќе можат да го проследат мечот кој ќе се одигра на 26-ти март на стадионот „Тодор Проески“.

Овој натпревар се смета од висок ризик, па затоа Фудбалската федерација ги презема сите мерки за спречување на можни инциденти.