Северна Македонија и Косово треба да го следат примерот на Косово и Албанија и граѓаните да можат да ја минуваат границата без ПЦР тест за Ковид-19, прегледаат првите вицепремиери на Македонија и Косово, Артан Груби и Бесник Тахири.
„Границите треба да се либерализираат според примерот на Косово и Албанија кои се отворени и имаме вонредни движења меѓу двете земји, особено за време на туристичката сезона Пренесувањето на инфекција на Ковид-19 од Албанија во Косово или од Косово во Албанија беше минимално и овој пример треба да ни послужи и на нас за да ги либерализираме границите не само со соседното Косово, туку и со останатите соседи“, истакна Артан Груби.
Вицепремиерот Груби, рече дека заедничкиот македонско-косовски тим продолжува да работи на протоколите за олеснување на мерките. Тој се надева дека деновиве ќе има поконкретна одлука. Неговиот колега пак, Тахири, задолжителните тестови меѓу Македонија и Косово ги нарече нелогични.
„За мене е сосема нелогично да имаме систем на билатерално тестирање, а со Албанија сме отворени. Протокот на граѓани меѓу Косово и Албанија беше голем и мислам дека треба да ги разгледаме сите можности, со цел да го зачуваме јавното здравје, да ја олесниме комуникацијата на граѓаните кои секојдневно комуницираат едни со други“, додаде Бесник Тахири.
Воведувањето на задолжителен ПЦР тест за влез од Косово во Македонија и обратно, го отежна движењето на граѓаните, а оваа состојба е уште попроблематична за државјаните на Косово кои во Скопје доаѓаат поради бројни здравствени потреби. Аеродромите ги користат граѓаните од двете земји, зависно од авиолиниите. Освен за олеснување на мерките, на средбата меѓу двајцата вицепремиери стана збор и за соработката околу процесот на евроинтеграции и изградбата на 12-те километри од автопатот Скопје-Блаце.
