Прогнозите не се остварија, па со почетокот на летото коронавирусот се шири повеќе од очекуваното. Направивме истражување во кои земји според бројот на жители Ковид-19 е најприсутен, а кој пак најмногу тестира.
Убедливо, највисока заразеност има во нашата држава, со 4641 заразен на 1 милион жители се наоѓаме на врвот од земјите од регионот. На второ место е Косово со 3010 заразени, а потоа следуваат Србија, Албанија, Бугарија и Грција со најмал број на регистрирани случаи, само 394 на милион жители.
Во статистиката за починати лица, Бугарија е на прво место со рекордни 1419 лица на милион жители, па следува С. Македонија со 214, па Косово, Србија, Албанија и Грција со само 19 починати лица.
Србија е рекорден до направени тестови на Балканот. Над половина милион граѓани биле тестирани, што на еден милион жители е 67699 жители. На второ место е С. Македонија со направени 43057 тестови, па следуваат Грција, Бугарија, Косово и последна Албанија со 11504 тестови на милион жители.
Епидемиолозите велат дека не се знае каков ќе биде есенскиот бран, па затоа повикуваат граѓаните да се вакцинираат за сезонски грип, по што доколку некој заболи ќе остане за дијагноза само Ковид-19.
„Затоа што повеќе граѓани би требало да се вакцинираат против сезонскиот грип. Идеално би било доколку 30-40% од населението да биде вакцинирано против сезонскиот грип.“, рече Драган Данаиловски.
Данаиловски додава дека ова не е голема бројка доколку се споредат бројките на милион жители, но ова би значело во одредена мера олеснување во справувањето со евентуално поголемите случаи со коронавирус.
Во последните 24 часа од направени 1535 тестови, 129 се позитивни на Ковид-19. Починати се 6 лица, пет пациенти од Скопје и еден од Струга. На Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени.
