Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, вечерва во „Бизнис 21“ на ТВ21 зборуваше и за реализација на коридорите 8 и 10, како и со најавената железничка пруга кон Бугарија и кон Грција.
„Македонија нема повеќе време за чекање. Гледате со какво темпо се реализираат коридорите 8 и 10. Патувам јас секој ден, и автопатиштата турбо се работат. Исто така следна цел е реконструкција на хидросистемите во државата. Нашиот план е многу поголем од она што сме го зацртале во владината програма со максимално кратење на непродуктивни трошоци“, изјави Јанкуловски.
