Во натпреварот од 4. коло од Лигата на Нации, Македонија одигра нерешено 1:1 против Грузија вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Во првиот дел не се случуваше ништо поинтересно, а головите паднаа во второто полувреме.
Најпрво во 68. минута црвен картон заработи нашиот голман Столе Димитриевски кој играше со рака надвор од шеснаесетникот. Во 74. минута гостинскиот играч Кварацквелија погоди во голот на Шишковски. Убаво мина двајца играчи, и прецизно стрелаше во мрежата на Македонија за водство на Грузија.
Во судиското надополнување Македонија избегна пораз. Досуден пенал откако беше фаулиран Зајков. Сигурен изведувач на ударот од белата точка беше Алиоски кој прецизно ја погоди мрежата, и донесе бод за Македонија, со кој нашата репрезентација остана на првото место во групата и заедно со Грузија има по шест бода.