Македонија остана во чекалната на ЕУ, Шекеринска оптимист: Ние сме Европејци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ќе продолжиме да носиме мудри одлуки и да водиме вистински политики, не само да и покажеме на Европа дека се однесуваме европски, туку бидејќи знаеме дека граѓаните на Македонија се Европејци и очекуваат од нас европски стандарди. Вака изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска која и натаму е оптимист за позитивни резултати за деблокирање на патот кон ЕУ од Бугарија.

Од друга страна, премиерот Зоран Заев утрово на неговиот Фејсбук профил напиша дека преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Бугарија.

“Европските интеграции не смеат да бидат заложник на билатерални прашања. Европските лидери мора сериозно да земат предвид дека бескрајните и повторувачки разочарувања неминовно им ја отвораат вратата и ги охрабруваат евроскептиците. Токму затоа ЕУ мора да изнајде формула како да го одржи зборот и да го продолжи проширувањето на Западен Балкан.”

Откако ниту вчера ниту денеска проширувањето на ЕУ не се најде на дневниот ред на Европскиот совет, Македонија остана во чекалната на ЕУ, а Бугарија не го тргна ветото.