Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено 1-1 против силната Белгија, која дојде како фаворит во Скопје, но среќна си заминув само со бод, иако Македонија е таа која треба да жали за победата од овој меч.
Македонија одлично го почна мечот, два пати ја погоди стативата, а потоа стигна и бруталната казна. Де Кујпер среќно успева да ја смести топката во мрежата и да ги донесе Белгијците во водство.
На стартот од вториот дел, Македонија успеа да израмни. Елмас погоди за 1-1, но радоста се претвори во тага, откако ВАР го поништи голот. Илиевски бил во офсајд.
Следуваше статива на Белгија за 0-2, а потоа казни Македонија. Алиоски на спектакуларен начин успеа да погоди, и да израмни на 1-1, и така да донесе еден бод за Македонија, петти во овој квалификациски циклус.
