Во 21 часот на улиците можат да се забележат само полициските службеници.
Граѓаните се во своите домови, само од прозорец го набљудуваат празниот град.
Полицијата го контролира секој агол од уличките… Вака започна полицискиот час во Скопје.
За да види каква е состојбата, на терен излезе и техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Но, ниту пандемијата не успеа да ги спои премиерот и министерот за внатрешни работи.
Првиот човек на МВР, Наќе Чулев, синоќа рече дека граѓаните кои ќе го прекршат полицискиот час ќе добијат само опомена, додека од вечерва ќе има и построги казни – глоби или затвор.
Полицискиот час ќе биде секој ден од 21 до 6 часот наутро. Според извори на ТВ21, синоќа се приведени 18 лица кои го прекршиле полицискиот час, одлука која е донесена за полесно справување со пандемијата на коронавирус.
