Македонија поразена од Грузија после многу неискористени шанси и многу грешки

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Грузија во претпоследниот натпревар во Лигата на Нации, пораз со кој и дефинитивно Македонија ги загуби сите шанси за првото место во групата, и можност за бараж за пласман на ЕП.

Македонија не беше надиграна вечерва во Тбилиси, но на крајот Грузијците ги казнија грешките.

После неколкуте неискористени шанси, во 35. минута Миовски си постигна автогол по обидот на Кварацхелија.

Во вториот дел одново неколку неискористени шанси за Македонија за израмнување, по кои во 64. минута Грузија ја искористи грешката на Дарко Велковски. Цитиашвили украде една топка, излезе сам и додаде до Кварацхелија кој постигна гол за 2-0.

И во финишот шанси за Македонија да се врати во мечот, но не успеа и на крајот го загуби мечот.

Последниот натпревар во групата Македонија го игра со Бугарија на домашен терен во понеделник.