Македонија пред ново затоплување: За викенд над 40 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Топлото време продолжува во земјава, но во попладневните часови локално се очекува развој на нестабилност, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а максималната температура ќе се движи од 30 до 38 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во текот на попладнето, во делови од Скопската Котлина ќе има услови за појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне 35 степени.

Метеоролошкиот индекс на ултравиолетово зрачење ќе биде висок, со УВ-индекс 8.

Од четврток следува период на претежно стабилно и многу топло време. Сепак, во сабота повторно локално се очекува нестабилност, со засилен ветер, пороен дожд и грмежи.

Според најавите, во деновите од викендот дневните температури на места ќе надминат 40 степени, што ќе донесе нов период на екстремно топло време.