реклама
Македонската ракометна репрезентација денеска го претрпе вториот пораз на ракометниот Мундијал. После неуспехот против Норвешка, денеска избраниците на Кире Лазаров се поразени од Холандија со 24-34 во натпревар одигран во Краков, Полска.
Одбраната беше повторно проблематична за селекцијата на Македонија, а тоа го искористија Холанѓаните. Смитс постигна неверојатни 10 гола.
реклама
Македонија во вторник ќе игра против Аргентина. Дуел кој мора да се добие, во спротивно репрезентацијата нема да се пласира во следната фаза, туку во Пресидентс купот.
реклама