Македонија прв пат на самитот на НАТО како рамноправна членка – Заев: Ова е историски ден

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е историски момент за мојата земја, рече премиерот Зоран Заев пред почетокот на одржувањето на НАТО самитот во Брисел, на кој Македонија за прв пат учествува како полноправна членка. Тој истакна дека ова е голем успех за нас бидејќи ги делиме истите вредности, стоиме рамо до рамо со нашите сојузници и сме целосно посветени на нашата колективна безбедност.

„Членството во НАТО е остварено како наша стратешка цел, но уште повеќе со нашето членство Алијансата ја потврдува безбедноста и сигурноста за Западен Балкан. Ние сме посветени во визијата за Балкан во 21 век како регион на мирот, стабилноста и зголемена економска соработка со економски бенефит и просперитет за сите граѓани.“, вели Заев.

Премиерот додаде дека Македонија е посветена во обединувањето и солидарноста во справувањето со идните предизвици.

„Ги делиме истите вредности и стоиме рамо до рамо во Алијансата и целосно сме посветени на колективната безбедност. Бидејќи ние сме НАТО. Ние сме посилни заедно.“, рече Заев.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју, рече дека со членството на Северна Македонија, Алијансата покажа дека има отворени врати и дека се отвора ново поглавје на Алијансата. Ние сме присутни во регионот и сме одговорни за да се продолжи стабилизирањето на регионот рече Столтенберг.

ЈЕНС СТОЛТЕНБЕРГ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА НАТО 28.11 – 28.42

НАТО секогаш бил и се уште е прилично присутен во Западен Балкан. Пред се имаме нови членки од тој регион во последниве неколку години, со што демонстриравме дека НАТО останува отворен за нови членки како што се Северна Македонија и Црна Гора и тоа е важно, но исто така работиме со партнерите во регионот а го имаме и КФОР на Косово.

Како една од темите на Самитот е и трупањето воени сили на Пекинг во Јужното Кинеско Море и се поголемата присутност на Кина, односите НАТО и Русија,но и  состојбата во Авганистан.

На овој самит на НАТО, за прв пат учествува и претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден, по неговиот избор.