Македонија со најскапа зелена карта во регионот – од следната година поевтинува цената на зелената карта?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

30% од минималната плата е цената за зелен картон во земјава. Македонските возачи плаќаат најскап зелен картон во регионот, кој пак има неограничена покриеност во 48 земји. Кај нас ова осигурување со важност од еден месец чини 30 евра, a за една година 60 евра т.е до  истекот на регистрацијата.

„Ние како регулатор правиме анализи по ова прашање и детектиравме дека во моментов индустријата која работи 50% со аквизициски и административни трошици во сегментот на автоодговорност и тоа како може да најде капацитет да дојде до намалување на ваквиот  ценовен распоред“, истакна Крсте Шајноски.

Се прават анализи кои треба да одговорат за брзо време, но целта е во цената на автоодговорност да се вметне и цената на зелената карта т. е. цената на зелената карта да биде бесплатно односно да им административни трошоци од 300, 400 или 500-тини денари. Најверојатно од следната година зелената карта ќе има нови цени.

Во поголемиот дел од земјите од регионот неговата цена е околу 10 евра, со тоа што е споен со домашното автоосигурување и се добива при самата регистрација на возилото.

Целта на поефтинувањето е да се стимулираат осигурителните компании да понудат и други производи како: осигурување на земјоделски производи, имоти, компании од финансиски кризи имнт. Продажбата на зелената карта во првите шест месеци изнесувала 409,3 милиони денари или 104,5 милиони денари повеќе од истиот период лани. Продадени се 78.287 зелени карти за моторни возила во првата половина од годинава.