Македонија со убедлив пораз од Италија во Рим

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонската фудбалска репрезентација загуби на гостувањето кај Италија во квалификациите за пласман на ЕП 2024 година со 5-2.

Овој пат Италијаните не пропуштија можност да се одмаздат и за оној пораз од Палермо после кој не успеаја да обезбедат учество на Мундијалот во Катар, како и за ремито во Скопје со кое Италијанците остана до крајот да се борат за место меѓу најдобрите европски селекции.

Италија до победата стигна благодарение на одличната игра во првиот дел, или подобро кажано на лошата игра на Македонија во првите 45. минути. Три гола во мрежата на Димитриевски, згора на тоа и промашен пенал за убедлива предност.

Дармијан во 17. минута по центаршут од левата страна донесе предност покрај заспаната одбрана на Македонија. Во 40. минута досуден пенал за „азурите“ после играта со рака на Серафимов. Жоржињо шутираше, но Димитриевски одбрани, а во истата акција Киеза со шут од далечина ја носи Италија на 2-0. Истиот играч во третата минута од судиското надополнување со шут и со помош на Манев успеа да го совлада Димитривски за предност од 3-0.

Селекторот Благоја Милевски се реши на замени во вториот дел, и тите донесоа свежина, особено Атанасов кој влезе во 46. минута. Со глава го совлада Донарума најпрво во 52. минута, а потоа и со удар од далечина и со помош на Ачерби го совлада вторпат италијанскиот голман и намали на одлични 3-2.

Меѓутоа Италија преку Распадори во вистински момент постигна гол во 81. минута по една добра акција, а печат на победата стави Ел Шарави во судиското надополнување за радост на италијанските фанови.

Сега на Италија ќе им треба само бод на гостувањето кај Украина на неутрален терен во Леверкузен за да дојдат до пласман на ЕП. Од групата Англија веќе обезбеди пласман на ЕВРО 2024, а вечерва Англичаните го совладаа составот на Малта.

Во последното коло Македонија во Скопје ќе ја дочека Англија.

Standings provided by Sofascore