Македонската ракометна репрезентација ја победи селекцијата на Катар со 39-34 во вториот натпревар од Главната групна фаза на Светското првенство. Македонија на моменти само имаше мали падови и осцилации, но главно во текот на целиот меч беше во предност.
Клучната разлика нашата репрезентација ја направи во финишот на првиот дел, кога поведе со шест гола разлика (20-14), иако Катарците на полувреме заминаа само со негатива од четири гола.
Во вториот дел немаше проблеми да се задржи разликата. Избраниците на Кире Лазаров неколку пати имаа предност и во вториот дел на +6, за на крај да дојдат до лесна победа.
Најефикасни во нашиот национален тим беа Филип Кузмановски и Жарко Пешевски со по шест голови.
Во последното коло во сабота, Македонија игра против Франција.
