„Македонија треба да се споредува со Швајцарија“ – Сертификати како гаранција за угостителите кои работат со странци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во новава туристичка сезона покрај стандардните протоколи во земјава, угостителските објекти треба  да ги исполнуваат и глобалните препораки за пречекување на гости, сметување, начин на движење , одржување на хигиена во угостиелските објекти. Посебни сертификати ќеиздава Националната угостителска комора на објектите кои ќе ги исполнуваат критериумите. Но, не е обврска да ги поседуваат сите. Сертификатите се однесуваат на оние кои ќе пречекуваат странски туристи. Цените во Охрид се потценети, треба да растат, а паралелно со тоа и содржините, вели Претседател на Националната угостителска комора.

„Сметам дека не треба да се споредуваме со морските градови, туку со цените на една Швајцарија која исто така нема излез на море, а угостителството работи со поголеми  цени“, истакна Здравко Јосифовски.

Во Македонија ни недостасува стратешка кампања за поттикнување и развој на туризмот, вложување во туризмот вели Јосифовски.

„Пред некој ден премиерот кажа дека во Македонија ќе бидат вложени повеќе од 8 милијарди евра во разни инвестиции разни индустрии, жално е што угостителската индустрија и туризмот најмалку се опфатени со овие вложувања. Многу повеќе треба да им се посвети внимание ако сакаме доколку сакаме бројките во БДП да пораснат од 1,7 2,2 до 4-5 % како што е во соседните земји“, додава Здравко Јосифовски.

За министерот Бектеши пак, не е проблем стратегијата, туку пандемијата. Тој вели дека најподдржан сектор биле туризмот и угостителството.

„Во делот на стратегијата за развој на туризмот е формирана работна група во склоп на Владата и Министерството за економија, каде сите стопански комори се вклучени, даваат нивни предлози, јас не мислам дека проблем е стратегијата“, посочи Крешник Бектеши.

Помалку од половина од објектите  во најголемиот туристички центар во земјава Охрид се од овој милениум остнатите се од пред 2000-тата. Има 100 хотели и 1.200 сместувачки објекти во приватно сместување и 100-тина угостителски објекти за храна и пијалоци.