Македонија утре против Англија – Беќири: Имаме шанси, ако не примиме гол во првите 30 минути

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Овде сме во Манчестер, каде што македонската фудбалска репрезентација е сместена за да го одигра следниот натпревар во рамките на квалификациите за ЕП 2024. Во понеделник Македонија игра против Англија“, вели репортерот на ТВ21.

Англија без сомнение е фаворит, знаејќи го квалитетот на играчите и клубовите во кои играат, но Македонија честопати знаеше да изненади големи противници. Арѓент Беќири, поранешен фудбалер на репрезентацијата, за ТВ21, изјави дека е оптимист дека Македонија ќе извлече позитивен резултат.

„Англија е фаворит на овој натпревар, но ако во првите 30 минути евентуално не примиме гол, верувам и се надевам дека ќе извлечеме поволен резултат за нас. Минимум нерешено, но треба многу работа“, порача Арѓент Беќири.

На овој натпревар ќе отсуствува дефанзивецот Висар Муслиу, поради црвен картон на последниот меч против Украина. Македонија има 3 бода од два одиграни натпревари. Во групата Ц утре се играат и  Украина – Малта.

„ Натпреварот Англија-Македонија се игра во понеделник навечер во 20:45 часот. Од Манчестер, за ТВ21, Артан Нухиу“.