Операција „Филтер“: Приведени 13 лица, претреси на повеќе од 20 локации

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Голема полициско-царинска акција е во тек на повеќе локации во земјава во рамки на операцијата „Филтер“, насочена кон откривање и разбивање организиран систем за шверц на цигари и избегнување плаќање царински давачки.

Во акцијата, според Царинската управа, се опфатени шпедитерски, транспортни и увозни компании, физички лица, како и полициски и царински службеници.

Операцијата ја спроведува Царинската управа преку Секторот за контрола и истраги и Одделението за истраги, во координација со Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Истрагата, која ја спроведувале надлежните институции со јавен обвинител, опфатила повеќе случаи на организиран шверц на големи количини цигари, при што биле избегнати давачки во износ од неколку милиони евра.

Утрово се приведени 13 лица, додека претреси се вршат на повеќе од 20 локации во Гевгелија, Валандово, Струмица, Дојран, Велес и Скопје.

Од Царинската управа најавија дека во текот на денот ќе бидат соопштени повеќе детали за операцијата „Филтер“.