Македонка приведена во Црна Гора, прегазила куче, па сакала да избега!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Државјанка на Македонија, 46-годишна С.С. е уапсена во Црна Гора откако, според неофицијални информации од полицијата до Вијести, намерно го прегазила куче шарпланинец кое имало сопственик со својот автомобил.

Инцидентот е пријавен во полицијата во Улцињ денес околу 16 часот, а на социјалните мрежи се појави и видео во кое се гледаат две мртви кучиња. Според неофицијални информации, едното куче е на уапсената жена, кое било нападнато и усмртено од шарпланинец.

„Полицијата го пронајде возилото и ја идентификуваше возачката, државјанка на Македонија“, соопшти полицијата.

Додадоа дека е во тек нејзин притвор во полициската станица во Улцињ.

„Се обидела да ја напушти земјата, но ние ја спречивме. Ќе се спроведе истрага на лице место. Известен е основниот државен обвинител“, изјавија од црногорската полиција за Вијести.