Македонска делегација беше присутна во Сребреница, на одбележување на 26-годишнината од геноцидот, на покана од Шефик Џаферовиќ, член на Претседателството на БИХ.
Делегацијата беше предводена од Мунир Колашинац, претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз, потоа Џевад Хот кој е претседател на Бошњачкиот Национален Совет, и професор доктор Фехим Хусковиќ.

На денешното одбележување од геноцидот до Сребреница, пристигнаа делегации од многу земји.
Геноцидот во Сребреница бил извршен во периодот од 11. до 23 јули 1995. година во текот на војната во БИХ од страна на војската на босанските срби, и се состоел од убиство на над 8.000 босански муслимани, во и околу Сребреница.

