Тринаесет маратонци денеска во 17 часот по 19-ти пат го започнаа традиционалниот маратон од Нова Градишка, Хрватска, до Гумење во Крушево, во чест на македонската и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески, кој на 16 октомври 2007 година загина во тешка сообраќајна несреќа кај Нова Градишка.
На маратонот ќе им се приклучи уште еден маратонец во Македонија. Учесниците низ Хрватска треба да истрчаат околу 200 километри, додека низ Србија ќе патуваат со возила, согласно тамошните прописи. По влезот во Македонија, македонските маратонци ќе истрчаат уште околу 220 километри до Крушево.
„Возбудата е голема, чувството е неописливо. Без двоумење го почнуваме 19-тиот маратон за Тоше. Нè чека долг пат. Ќе се сретнеме на вечното почивалиште на Тоше на Гумење во Крушево“, изјави Наум Капричевски, иницијатор на маратонот и еден од учесниците.
Пред стартот, маратонците положија свежо цвеќе и се поклонија пред спомен-обележјето посветено на Тоше во Нова Градишка. Од градот беа испратени од претставници на локалната туристичка заедница и македонскиот амбасадор во Хрватска, Драган Ѓурчевски. Во нивната придружба се и двајца професионални возачи од Владата на Република Македонија.
Во пресрет на маратонот, македонските маратонци остварија средба со отец Кирко Велински од црквата на Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, а имаа и прием кај македонскиот амбасадор во Хрватска.
Тие ја посетија и продуцентската куќ
