Македонски граѓани во Италија, еден час чекаат за да купат леб

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Минерес Ферати од гостиварско Дебреште веќе 20 години живее во Бергамо, Италија. Тој работи вофабрика за производство на автомобилски гуми, но веќе 2 месеца е во изолација. Денеска излезе да купи леб во маркет. Мораше да чека цел час.

„Еден влегува, еден излегува. 5 минути одат на еден човек. Ако има 10 лица пред тебе, чекаш отприлика еден час пред маркет. Се држи растојание од еден метар. Сите се со маски и ракавици. Еден влегува и еден излегува. Не можат да влезат по 3 или 4 лица. Само по еден“, изјави Минерес Ферати – жител на Бергамо, Италија.

Али Ибраими кој е со потекло од Липково, е сопственик на фирма во кантонот Тичино во Швајцарија на граница со Италија. Иако во моментов не работи, вели дека работниците добиваат плата. Али е во изолација со неговото петчлено семејство.

„Бесплатна е помошта. Бесплатен фонд што го дава државниот буџет. И нам, компаниите ни дадоа помош во кредит кој не е гратис но за да излеземе од криза моментално. Швајцарските банки направија една светска новост што не се случила никогаш во банкарскиот систем. Даваат кредити со нула камата. Тоа е новост во Швајцарија. За пет години ти даваат кредит без камата“, вели Али Ибраими – жител на Тичино, Швајцарија

Инаку Италија се соочи со најсериозно ширење на пандемијата во Европа. Италија беше под блокада од 10 март. Ограничувањата истекуваат на 13 април и според извештаите во медиумите, ограничен број индустрии ќе можат повторно да работат после овој датум. Вчера, за прв пат во девет дена падна под 700 бројот на жртви, на 671.